fbpx

За Нас

Дознаjте повеќе за нас и нашиот тим, пред да донесете одлука.

Олимпиа Моторс Аутлет е компанија за продажба на половни возила која својот бизнис го гради врз принципите на одговорност и грижа за човекот, општеството и природата. Во таа насока се и нашите напори да преку следење на светските трендови и увидување на реалните потреби на граѓаните донесеме новитети од автомобилската индустрија.

Мисијата на ОМО е да е да го промениме искуството на купувачот при купување на половно возило, како и да поставиме нови стандарди при привлкување на клиенти и продажба на користени возила.

Нашата Визија е да создаваме нова одговорна култура во возењето која придонесува во подобрување на квалитетот на воздухот и квалитетот на животот на граѓаните преку купување на возила кои ги исполнуваат високите еколошки и технолошки стандарди.
Да станеме водечки и иновативен бренд кој ќе им пружи на клиентите најдобри решенија за нивните барања и да ја градиме лојалноста заедно.

Заследете нè
0

Години

Бизнис

Професионалци
0
Возила продадени
0 +

Често Поставувани Прашања

Вршиме замена на возила до 10год старост и до 150.000км со комплетна сервисна историја, секако во зависност од моделот кој го поседувате. Најдобро е да поминете во нашиот салон за да ги разгледаме сите можности.

Возилата ги набавуваме од неколку лизинг платформи од Франција, Италија, Белгија и Германија. Тоа се возила од први сопственици кои ги возат на оперативен лизинг и после нивниот завршеток од лизинг компанијата ги купуваме по пат на лицитација. Секое возило во зависност од државата од каде доаѓа поседува одредена независна инспекциска check листа издадена од DEKRA или MACADAM. Листа во која детално е опфатена истрошеноста на возилото како и слики од внатрешноста и надворешноста каде може да се увидат сите недостатоци и мали гребки по каросеријата. Секако дека имаат комплетна историја на сервисирање од денот на првата регистрација.

Работиме со повеќе лизинг компании и банки во делот на одложено финансирање. Зависно од староста на возилото може истото да се отплаќа до максимум 8-9 години старост на возилото. Минимално учество е 20%. Соработуваме со Шпаркасе лизинг, Порше лизинг, Еуролиз и мн др.

  1. Сите возила со кои ОМО располага се комплетно прегледени во нашиот сервис кој е овластен за Опел веке 19 години. Ги добивате сервисирани и со 3 месечна ГАРАНЦИЈА!
Олимпиа Моторс Аутлет е компанија за продажба на половни возила која својот бизнис го гради врз принципите на одговорност и грижа за човекот, општеството и природата.
Copyright © 2021. All rights reserved.