Доколку нашиот моментален лагер на возила или пак возилата кои се во пристигнување не го задоволуваат вашиот критериум или потреба, подготвени сме да понудиме можност за нарачка на возило . На овој начин подготвени сме да пронајдеме адекватно возило на вашето барање , при што вие одредувате буџет, тип на возило и мотор ( бензин или дизел ) и ние за најбрзо можно време ви изготвуваме понуда според вашите потреби. Нашата цел е вашите барања да ги задоволиме, и да ви понудиме возило кое е по ваша мерка.
По изнаоѓањето на соодветно возило , но пред наша нарачка од нашите сертифицирани соработници од лизинг куќи од ЕУ , се потпишува договор за нарачка поткрепен со гарантен депозит од 10% од ваша страна.