• Пон – Пет: 08:00 – 18:00 | Сабота: 08:00 – 15:00
  • ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА 125, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
  • +389 (0) 2 2600 800

ЗА НАС

Дознајте повеќе за нас и нашиот
тим, пред да донесете одлука.

Олимпиа Моторс Аутлет е компанија за продажба на половни возила која својот бизнис го гради врз принципите на одговорност и грижа за човекот, општеството и природата. Во таа насока се и нашите напори да преку следење на светските трендови и увидување на реалните потреби на граѓаните донесеме новитети од автомобилската индустрија.

  • Мисијата на ОМО е да е да го промениме искуството на купувачот при купување на половно возило, како и да поставиме нови стандарди при привлкување на клиенти и продажба на користени возила.
  • Нашата Визија е да создаваме нова одговорна култура во возењето која придонесува во подобрување на квалитетот на воздухот и квалитетот на животот на граѓаните преку купување на возила кои ги исполнуваат високите еколошки и технолошки стандарди.
    Да станеме водечки и иновативен бренд кој ќе им пружи на клиентите најдобри решенија за нивните барања и да ја градиме лојалноста заедно.
  • Вредности: Ценовната политика, професионалниот тим, голем лагер на квалитетни возила возила и долгогодишното искуство, се дел од промените кои ги носиме и нудиме на сегашниот пазар.
  • Ориентирани кон клиентите: Континуираната посветеност кон промовирање на вистинските вредности и премиум услуга кон нашите клиенти, далеку над пазарните услови и понуди е тоа кое ќе направи разлика на пазарот.
  • Квалитет: Севкупната понуда за возила на Olympia Motors Outlet е базирана на строг акцент на гарантираниот квалитет. За секое возило компанијата дава вистинска информација и гаранција за потеклото, сервисната историја како и разновидни алатки кои би помогнале да се обезбедите со најадекватното и ценовно најоптимално возило за вашите потреби.

Ние вршиме откуп на половни возила, а исто така правиме и замена на “старо за ново” или пак “старо за старо” возило.

Ние сме овластен дистрибутер и сервисер на возилата ОПЕЛ. Кај нас можете да добиете единствено добра цена за автомобилот кој го посакувате.

Наместо да се јавувате по телефон или да доаѓате на лице место, со само неколку едноставни клика, Вие можете да закажете online сервис. Брзо и едноставно на следниот линк  Закажи Сервис