• ПОН – ПЕТ: 08:00 – 17:30 | САБОТА: 09:00 – 15:00
  • ЈАДРАНСКА МАГИСТРАЛА 125, СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА
  • +389 (0) 2 2600 800

Политика за приватност и заштита на личните податоци

Оваа Политиката за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Oлимпиа Моторс Aутлет ДООЕЛ, чие седиште се наоѓа на Јадранска Магистрала 125, Визбегово, 1000 Скопје, Р. Северна Македонија, ги собира, користи, одржува и открива податоците собрани при посета на нашaтa интернет страна. Оваа политика за приватност се однесува единствено за интернет страницата на Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ  и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини. Оваа Политика на приватност не се однесува на Вашата посета на други интернет страници до кои пристапувате преку нашaта интернет страна.

За време на посетата на интернет страницата, Вашата приватност целосно се почитува и нашите активности кореспондираат со европските закони, GDPR (General Data Protection Regulation) (што се однесува на Регулативата за заштита на општите податоци 2016/679 од 27 април 2016 година) и законите во Р. Северна Македонија.

Информации кои ги собираме

Јавни податоци

Нашиот сајт е возможно да го посетувате и користите без да го откриете Вашиот идентитет или какви било други лични податоци кои се однесуваат на него.

При посета на нашата веб страна, имајќи ја во предвид природата на Интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата. Таквите информации може да ги вклучуваат името на пребарувачот на интернет, број на посети, просечно време поминато на страната, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посета на интернет страницата, како што се оперативен систем и испорачувачот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на интернет провајдерите и се различни за секој корисник на интернет и слични информации.

Лични податоци

При користење на одредени функционалности (апликации, барања) на нашиот сајт како контакт форми, барања за понуда за возило, понуда на Ваше возило, барање за тест возење, барање за добивање на новости, известувања и промоции… Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контактни информации), само доколку Вие доброволно ги дадете на нашата интернет страница заради користење на нашите услуги и производи. Овие лични податоци може да вклучуваат име и презиме, е-пошта, број на шасија, телефонски број и/или други контакт информации, истите ќе бидат користени во согласност со политиката на приватност и за намената за која што сте ги оставиле.

Цели, обработка и употреба на податоците

Целите за кои ги собираме информациите се како што следува:

  • Обработка на вашето барање за контакт
  • Управување и оптимизирање на односите со клиентите
  • Спроведување на истражувања и статистички податоци за подобро оценување на квалитетот на своите производи и предвидување на потребите на своите клиенти
  • Анализирање и оптимизирање на веб страницата
  • За да Ви испраќаме информации за нашите промотивни понуди, вести и настани (билтени, покани, прашалници, анкети и други публикации)

Обработката на овие информации е оправдана од:

  • Обработката на вашето барање за контакт резултирано од извршување на Договорот помеѓу Вас и нас
  • Легитимниот интерес на Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ за да обезбеди задоволство и следење на своите клиенти
  • Легитимниот интерес на Олимпиа Моторс Aутлет ДООЕЛ за оценување на квалитетот на производите и услугите кои ги нуди, предвидување на потребите и задоволството на своите клиенти и соодветно развивање на нови функции
  • Легитимниот интерес на Олимпиа Моторс Аутлет  ДООЕЛ за подобрување и обезбедување на врвна услуга со подобрени карактеристики
  • Ваша претходна согласност која ќе биде добиена, онаму каде што е потребно со закон, со штиклирање на полето за оваа намена кога Вие ги доставувате Вашите лични податоци на Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ

Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ може да биде обврзан да открие какви било информации во врска со Корисникот за да се придржува кон кој било закон или регулатива во сила или да одговорат на какви било правни или административни барања.

Приматели на личните податоци

Личните податоци кои Ние ги процесираме ќе ги споделуваме од Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ до ограничен број на корисници, според целта на обработката, и тоа:

Име на примачот

  • Секоја компанија која припаѓа на истата група како Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ.
  • Секој давател на услуги од трета страна и / или која било компанија која припаѓа на истата група како Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ , вклучена во понудата на услуги што Вие ги побарувате или барате од нас за намените наведени погоре.
  • Секој комерцијален партнер на Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ врзан со обврска за доверливост.

Цел на споделување

  • За анализата и развојот на производи кои ги нудиме
  • За спроведување на маркетинг кампањи, спроведување анкети за задоволство и предлагање на комерцијални понуди прилагодени на потребите на клиентите
  • За статистички цели и статистичка обработка над анонимни податоци

Безбедност и чување на податоците

Заштитата на податоците е интегрирана во самиот дизајн, а поставките за приватност се поставени на стандардно висико ниво. Целата комуникација помеѓу корисниците и сајтот се одвива преку безбеден енкриптиран протокол (https).

Обработката на Вашите лични податоци ќе се врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезбедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располагаме. Вработените во Олимпиа Моторс ДООЕЛ се обврзани да ги чуваат во тајност сите информации (вклучително и личните податоци) до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи. Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страница. Личните податоци може да се откријат само на надлежни органи во и со закон предвидена постапка.

Податоците кои ги оставате ќе се чуваат одреден временски период, односно се додека е во функција услугата за која што сте ги оставиле истите. Во текот на овој период Вие ги задржувате сите ваши индивидуални права, како права за пристап, исправка, бришење, ограничување на обработка, пренос, приговор и право да не сте предмет на автоматизирано донесување одлуки, вклучувајќи профилирање.

Периодот на чување на вашите лични податоци собрани од Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ може да се одреди според целта на обработката на податоците според следниве критериуми:

  • податоците зачувани за одредени цели се задржуваат колку што е потребно за целите на обработка на лични податоци како што е дефинирано во член „ Цели, обработка и употреба на податоците“ погоре (1) за време на траењето на договорот склучен со вас во согласност со законот, и (2) додека имаме деловни односи со вас.
  • Вашите лични податоци потоа се архивираат за употреба во случај на спор или спор во текот на периодот на ограничување применлив на предметот на спорот.
  • а потоа анонимизирани или избришани.

Колачиња на пребарувачот на интернет

„Колачиња“ (Cookies) се мали текстуални датотеки кои се снимаат на вашиот уред (компјутер, мобилен телефон, таблет…) заради следење на движењето на вашиот интернет пребарувач од страна на интернет страницата и не се поврзуваат со ваши лични податоци кои сте ни ги доставиле. Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа и на тој начин се собираат податоци за да се подобри корисничкото искуство и за да ја оптимизира и унапреди функционалноста на интернет страницата. На интернет страницата има тип на “Cookies” што се чуваат на компјутерот на корисникот онолку време колку што има поставено во интернет пребарувачот. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.

Кога ќе посетувате некоја од нашите веб-страници или ги користите нашите апликации или други дигитални алатки, можеме, во зависност од вашата согласност, да користиме колачиња, пиксели за колачиња и други технологии за да ги собереме следниве податоци:

  • IP адреса, информации за конекција, тип на прелистувач, локација, временска зона, оперативен систем и други технички информации.
  • Информации за вашата посета, вклучувајќи ги и веб-страниците што ги посетувате пред и по нашата веб-страница и производите што ги гледате
  • Времетраење на посети на страниците на нашата веб-страница и информации за интеракцијата помеѓу страниците

Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ користи колачиња од трети лица (Google Analytics). Овие колачиња се за анонимни статистички податоци за посетата на сајтот и не вклучуваат лични податоци.

Не заборавајте дека секогаш Вие имате целосна контрола над колачињата. Повеќето пребарувачи нудат целосно исклучување на колачињата преку опциите, за секој пребарувач посебно.

Ремаркетинг

Информациите кои се собираат преку користењето на колачиња („cookies”), може да се користат за ремаркетинг на Google AdWords и Facebook, односно за наше рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот кој претходно ја посетил нашата интернет страницата.

Google, Facebook и останати трети страни прикажуваат АdWords односно т.н. “ads” низ различни интернет страници и апликации кои ги корисникот ги посетува и користи. Овие „ads” се базираат и на претходните кориснички посети на нашата интернет страница со користење на колачиња.

Корисниците можат сами да ги подесат параметрите за начинот на кои Google и Facebook рекламираат до нив со пристапување на следните страници: За „Google”: https://support.google.com/ads/answer/2662922?hl=en, и за „Facebook”: https://www.facebook.com/ads/website_custom_audiences/ . Корисникот може целосно да се откаже од ваквиот начин на рекламирање засновано на неговиот претходен интерес со подесување на поставките за колачиња во интернет прелистувачот кој го користи корисникот. DoNotTrack (“DNT”) е функционалност која му овозможува на корисникот да го подеси својот веб-прелистувач на начин што ќе ги информира интернет страниците дека неговото движење на интернет не се сака да биде следено. “DNT” функционалноста корисникот може да ја овозможи или оневозможи со посета на делот “Параметри” (Preferences) или „Поставки”(Settings) во зависност од типот на веб прелистувач што го користи.

Слобода на избор, согласност и ваши права

Вие самите ги контролирате информациите што ги давате на нашата веб страна. Во секој случај, ако одлучите да не ги оставите вашите податоци, Ве молиме имајте во предвид дека може да не ви бидат достапни некои делови од интернет страната.

Со потполнување на достапните барања (контакт формите) на нашата веб страна вие сте согласни со оваа политика на приватност и сте согласни да сте контактирани на наведените контакт информации.

Ние во целост ќе ги почитуваме сите ваши права согласно прописите за заштита на лични податоци на Р. Северна Македонија и Општите регулативи за заштита на податоците за припадниците на Европска Унија (GDPR).

Во согласност со постојните прописи за заштита на личните податоци, Вие имате право на пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, добивање на копија од вашите лични податоци за свои цели или да ги пренесете на друг давател на услуги по ваш избор (преносливост), како и право да се спротивставите на обработката на вашите лични податоци кога овие податоци се обработени за цели на директен маркетинг, да бидете информирани и да не бидете предмет на автоматско донесување на одлуки (профилирање).

Можете исто така да ги испратите вашите инструкции за судбината на вашите информации по вашата смрт.

Вие можете да ја повлечете својата согласност во секое време. Сите овие права се применуваат во рамките на ограничувањата предвидени со постојните прописи за заштита на личните податоци.

Овие Ваши права може да ги остварите со едноставно барање упатено до Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ  на е-пошта: sales@omo.mk

Вие исто така може да го остварите вашето право да поднесете жалба до националниот орган за заштита на податоци со испраќање на вашето барање до Дирекција за заштита на личните податоци https://dzlp.mk/.

Промени во политиката за приватност на личните податоци

Олимпиа Моторс Аутлет ДООЕЛ има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.

Прифаќање на условите

Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате со Политиката, ве молиме не користете ја интернет страницата. Вашето континуирано користење на интернет страницата следејќи ги промените на оваа Политика ќе се смета за ваше прифаќање на дадените промени.

Ажурирано Јули,2020